Работнички се засили со српски плејмејкер кој кариерата ја почнал во Реал Мадрид!
Станува збор за српскиот плејмејкер Михаило Јовичиќ (25 год, 190 см), кој кариерата ја почнал во младинскиот погон на Реал Мадрид, каде што настапувал за кадетската, јуниорската и за втората екипа. Новиот „центарец“ бил дел од „кралскиот клуб“ во периодот помеѓу 2014 и 2016 година, по што се враќа дома и следните пет години настапува за Мега баскет. Има играно уште за Подгорица, Раднички и Вршац, а една сезона настапувал во Велика Британија и тоа за екипата на Каледонија Гладиаторс.
Тој се очекува да биде замената за Димитрик Трајс и за Бобан Стајиќ на плејмејкерската позиција во составот предводен од тренерот Горан Самарџиев. Работнички следната сезона најавува атак на домашните трофеи, кои одамна не завршиле во „Градски парк“, а ќе настапи и во АБА2-лигата со оглед на неофицијалните информации од клубот за плаќање 25.000 евра за добивање специјална покана за ова натпреварување.