Јанис блескаше и ја водеше Грција до победа против Доменикана

Вечерва во рамките од квалфиикациите за Олимписките игри во Пиреја Грција стигна до убедлива победа против Домениканска Република. 

Вечерва во рамките од квалфиикациите за Олимписките игри во Пиреја Грција стигна до убедлива победа против Домениканска Република. 

Грчките кошаркари одиграа одличен натпревар и славеа победа со 109-82. Сега во групата Грција и Домениканска Република имаат по една победа, но домаќинот на овој турнир има шанса против Египет да дојде до првото место.

Јанис Адетокумбо вечерва блескаше и имаше 6/6 од игра во првото полувреме, а потоа во третата четвртина постигна уште 11 поени во главно со украдени топки преку контри.

Грција имаше водство во најголемиот дел од натпреварот, но натпреварот беше решен во почетокот од последната четвртина кога со поените на Јанис дојдоа до 21 поен разлика.

Јанис за само 18 минути на паркетот постигна 32 поени, 10/10 за два поени и погоди и една тројка. Вокап додаде 17 поени, Калатес 12, додека кај гостите Дуарте уфрл и26 поени.