Леброн и Лејкерс си „подадоа рака“: „Кралот“ потпишува договор вреден 104 милиони долари

Леброн Џејмс се согласил на нов двегодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс вреден 104 милиони долари, објавија најпознатите американски новинари и медиуми.

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња во својот договор има и клазула која може да блокира трејд во кој би бил вклучен, а исто така последната година е опција на играчот. Тоа значи дека Леброн би можел сам да избира дали ќе се активира или ќе биде слободен играч.

Продолжувањето на договорот на Леброн може да се каже и дека е очекувано откако претходно неговиот син Брони стана член на клубор од Калифорнија. Леброн така ќе стане првиот кошаркар кој на еден НБА натпревар на паркетот бил со својот син.