Чудесниот Диого Кошта го спаси Роналдо и ја одведе Португалија во четвртфинале! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Португалија по изведувањето на пенали ја елиминираше храбрата Словенија која вечерва беше достоен противник на фаворизираните Португалците. Вистински херој на Португалија беше голманот Диого Кошта кој ги одбрани трите удари од белата точка на словенечките репрезентативци.

Португалија беше репрезентацијата која имаше иницијатива, меѓутоа шансите кои ги имаа португалските фудбалери не беа некои 100%. Најчесто тоа беа закани со удари од далечина, Роналдо четири пати шутираше од слободен удар, но Јан Облак секогаш излегуваше како победник од тие дуели.

Словенија играше повлечено, меѓутоа беше одлично организирана, Матијаж Кек одлично ја постави играта, а неговите фудбалери идеите ги спроведуваа на теренот скоро бескпрекорно.

Шешко имаше и две добри прилики да ги казни промашувањата, една во второто полувреме и една во второто продолжение.Од друга страна Роналдо својата најголема можност ја пропушти во финишот од првото продолжение кога не реализираше најстрога казна.

Во пенал рулетот Диого Кошта ги одбрани ударите на: Иличиќ, Балковец и Вербиќ, додека за Португалија погдуваа Роналдо, Бруно Фернандеш и Бернардо Силва.