„Бомба“ во НБА: Томпсон и Дончиќ стануваат соиграчи!

Веројатно најпознатиот новинар кога е НБА лигата во прашање, Адријан Војнаровски најавува „бомба“ во најсилната кошаркарска лига

Според неговите информации, Клеј Томпсон по 13 години заминува од Голден Стејт и ќе се придружи на Лука Дончиќ во редовите на Далас.

Томпсон со Далас договори соработка на три години вредна 50 милиони долари. Во склоп на трејдот Голден Стејт ќе го доби Џош Грин кој веднаш ќе биде испратен во Шарлот.

Томпсон со Вориорси освои четири шампионски прстени тандем со Стеф Кари, последните недели се поврзуваше и со Денвер, меѓутоа тој се одлучи да се приклучи на Далас и да игра заедно со Дончиќ, Ирвинг и останатите.