Синер се изнамачи во првото коло на Вимблдон, победи по три часа игра

Италијанскиот тенисер Јаник Синер успеа многу потешко од очекуваното да го совлада Јаник Ханфман од Германија во првото коло од Вимблдон. Синер го победи Германецот со 3:1 во сетови по цели три часа игра (6:3, 6:4, 3:6, 6:3).

Иако, е дури 110. тенисер на АТП листата, Ханфман покажа дека има квалитет. Првиот сет беше во целосен егал се до средината кога Италјанецот ја искористи единствената брејк топка која ја имаше во тој дел од мечот. Вториот сет исто така беше решен на сличен начин со тоа што Синер многу порано и уште во третиот гем дојде до брејк. 

Во третиот сет германскиот тенисер успеа да се врати  од неверојатни 4:0 и најави дека ќе гледаме четврти сет. На крајот тоа и се случи.

Сепак, немаше сили за нешто повеќе. Во четвртиот сет Синер успеа повторно да му го одземе сетот и таа предност не ја испушти.