Освојувачот на холандскиот куп од 2017 година e пред згаснување

Холандскиот Витесе најверојатно ќе згасне бидејќи нема доволно пари да ги исплати долговите, пренесуваат медиумите.

Се најавуваше дека клубот ќе го преземе Гус Франк, сопственик на фирмата „Аксиос Партнерс“ која е со седиште во Швајцарија, но тој се откажа и сега ситуацијата за Витесе воопшто не е добро.

Извесно е дека Витесе ќе згасне бидејќи се наоѓа во безизлезна ситуација. Холандскиот сојуз му ја одзема лиценцата за играње во прва и втора лига. Минатата сезона ја заврши на последното место на табелата со само шест бодови.

Најголемиот успеј овој клуб го оствари во 2017 година кога го освои холандскиот куп.

Според „Трансфермаркт“ Витесе во овој момент на располагање има само 13 играчи, додека останатите го напуштија клубот.