Европа ќе добие нов шампион: Швајцарија со два гола ја елиминира Италија (ВИДЕО)

Швајцарија ја елиминира Италија со 2-0 од осминафиналето на Европското првенство (ЕП) во Германија, а тоа значи дека Европа ќе добие нов шампион.

Италија беше очајна од самиот почеток на натпреварот, додека Швајцарија напаѓаше постојано кон голот на Џанлуиџи Донарума, по што првиот гол го постигна Фројлер во 37. минута.

„Аѕурите“ на почетокот на вториот дел доживеаа нов шок, кога Варгас постигна прекрасен гол во 46. минута за предност од 2-0 на Швајцарија, по што Италија не успеа да се врати во мечот и си заминува дома.

Швајцарија во четвртфинале ќе игра против победникот од мечот меѓу Англија и Словачка.