Хаверц и Мусиала ја расплакаа Данска, Германија оди во четвртфинале на ЕП (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Германија триумфира со 2-0 против Данска во осминафиналето на Европското првенство (ЕП) и така стана вториот патник во четвртфинале по Швајцарија која претходно беше подобра од Италија (2-0).

ВАР-технологијата му поништи погодок на Шлотербек во четвртата минута поради прекршок, по што главните случувања беа на почетокот на второто полувреме кога видео-системот повторно се активираше.

Најпрво му беше поништен гол на Андерсен во 48. минута поради офсајд, а потоа истиот фудбалер играше со рака и ВАР ѝ додели пенал на Германија кој беше реализиран од Хаверц.

Германија постигна и втор гол на дуелот преку Мусиала, откако претходно Шлотербек испрати одлична топка до помладиот колега, по што Данска се обиде да стигне до почесен погодок, меѓутоа остана без муниција.

Германската селекција со оваа победа обезбеди четвртфинале каде што ќе игра против победникот од мечот меѓу Шпанија и Грузија.