Варгас: Кога го видов составот на Италија, знаев дека ќе ги уништиме!

Швајцарија победи со 2-0 против Италија во осминафиналето на Европското првенство (ЕП), а мечот го одбележа и прекрасниот гол на Рубен Варгас.

Варгас и неговите соиграчи доминираа на теренот и целосно ја надиграа Италија, а за тоа зборуваше и самиот репрезентативец на Швајцарија.

„Знаев дека ќе ги уништиме Италијанците ако играат со четворица дефанзивци. Кога го видов нивниот состав, сè ми стана јасно“, кажа Варгас.