Данска остана без гол поради - палецот на Андерсен (ВИДЕО)

Германија славеше со 2-0 против Данска во осминафиналето на Европското првенство (ЕП), но и по мечот главна тема е поништениот погодок на скандинавската земја поради Јоаким Андерсен.

ВАР-технологијата пресуди во корист на Германија и го поништи голот на Данска, а навивачите се во шок и сметаат дека видео-системот го уништил фудбалот затоа што се поништуваат погодоци поради бизарни работи.

„Голот на Данска беше поништен поради големиот палец на Андерсен, ова не е нормално“, е само еден од коментарите на навивачите.