Лудница во Дортмунд: ВАР ѝ поништи гол на Данска, па додели пенал за Германија (ВИДЕО)

Германија води со 1-0 против Данска во Дортмунд од 53. минута, откако ВАР-технологијата интервенираше двапати, и тоа во корист на домаќинот.

Андерсен поради неколку сантиметри беше во недозволена ситуација поради што ѝ беше поништен гол на Данска, а потоа во следната акција на Германија истиот фудбалер играше со рака и тоа беше причина судијата да покаже на белата точка.

Каи Хаверц без проблеми го матира Шмајхел, иако голманот на Данска ја прочита неговата намера и скокна на вистинската страна.