Романија ја обвинија за „местенка“, селекторот побара јавно извинување!

Словачка одигра 1-1 против Романија во последното коло од групната фаза на Европското првенство (ЕП), а тоа со двете селекции се пласираа во осминафинале, додека настрада Украина која беше елиминирана.

Украинските навивачи не беа задоволни од епилогот на дуелот меѓу Романија и Словачка, па обвинија дека резултатот бил наместен, а на тоа реагираше и селекторот Едвард Јорданеску.

„Некои луѓе треба да ни се извинат. Овие момци дадоа сè од себе во текот на цел меч. Да се критикува и обвинува е срамно и непристојно. Романија покажа карактер“, кажа селекторот.