Влаховиќ и Тадиќ дознале дека нема да бидат стартери преку - интернет (ВИДЕО)

Србија доживеа дебакл на Европското првенство (ЕП) во Германија и беше елиминирана во групната фаза, а на социјалните мрежи се појавија тешки обвинувања на сметка на тренерот Драган Стојковиќ-Пикси.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се забележи дека Тадиќ и Влаховиќ гледаат нешто на телефон и потоа реагираат чудно, а во описот на снимката се тврди дека српските репрезентативци во тој момент преку интернет дознале дека нема да бидат стартери.

Доколку овие обвинувања се точни, тоа е доказ дека владее голем аматеризам во репрезентацијата на Србија и потребни се промени.