Роналдо на 39 години го истрча најбрзиот спринт во кариерата на ЕП

Кристијано Роналдо обезбеди осминафинале со Португалија на Европското првенство, но се уште чека на својот прв гол на шампионатот.

Испиша историја Португалецот самиот настап бидејќи стана првиот фудбалер кој настапи на шест Европски првенства, а ова првпат да не постигне гол во групната фаза.

Не постигна погодок Роналдо, меѓутоа уште еднаш докажа дека годините (39) не го спречуваат да биде одлично физички подготвен. Во натпреварот против Грузија вчера португалскиот ас истрча спринт со брзина од 32.7 километри на час и тоа е негов рекорд на Европските првенства откако УЕФА објавува податоци за брзина од 2012 година.

Значи, Роналдо трчал побрзо на 39 години отколку кога имал 27. Во 2012 година имал спринт од 32 км/ч, потоа во 2016 29.1 км/ч и во 2020 29.7 км/ч.