Грузијците ќе добијат 10 милиони евра од бившиот премиер на државата

Поранешниот премиер на Грузија и милијардер, Бидзина Иванишвили кажа дека ќе донира 10 милиони евра на фудбалската репрезентација по победата од 2-0 против Португалија.

Грузија како дебитант на Европското првенство (ЕП) се пласира во осминафинале и ја воодушеви јавноста во државата, по што следеше реакција и од Иванишвили.

Иванишвили, чие богатство се проценува на 4,5 милијарди евра, вети дека ќе даде и дополнителни 10 милиони евра ако Грузија ја совлада Шпанија во осминафиналето.