Челси ќе пазари во Барселона – купува талентиран напаѓач за само пет милиони евра!

Екипата на Челси е пред трансфер на големиот талент на Барселона, Марк Гуи (18 години), откако челниците на овој клуб се подготвени да ја активираат неговата откупна клаузула во износ од пет милиони евра.

Составот од Лондон веќе закажал медицински прегледи за талентираниот напаѓач, објави Би-Би-Си, иако Каталонците деновиве изразиле подготвеност да ја отстранат скромната откупна клаузула нудејќи му продолжување на договорот. Гиу помина низ академија на Барселона, популарната Ла Масија, а минатата година постигна гол по само 23 секунди на своето деби за Б тимот.

Според Би-Би-Си, тој е класична „деветка“, со голема брзина, но со мало искуство, откако постигна само два гола во сениорска конкуренција.