Славјето се претвори во ужас: Најмалку две лица загинаа во нередите во Париз (ВИДЕО)

Жителите на главниот град на Франција седум децении чекаат титула во Лигата и Купот на шампионите, а кога ја дочекаа, направија невиден неред.

Во текот на ноќта е создаден тотален хаос низ Париз во кој, како што велат последните информации, загинале најмалку двајца, а повредите се 192 лица. Полицијата се обидела да ја смири ситуацијата и уапсила неверојатни 559-мина кои учествувале во нередите, соопшти министерот за внатрешни работи. Уште не е потврдено, но се претпоставува дека загинатите биле прегазени од стампедото што се создало низ улиците на Париз имајќи предвид дека во толпата учествувале десетици илјаци граѓани.

Материјалната штета допрва ќе се утврдува бидејќи запалени се голем број возила и приватни објекти.