
Синот на Буфон веќе почна да „тресе“ за Чешка! (ВИДЕО)
Тој има чешко државјанство поради неговата мајка која е од оваа земја.
Во мартовскиот циклус Луис Буфон го прифати повикот од чешката репрезентација до 18 години и на вториот настап за оваа репрезентација даде гол.
Чешка ја победи Франција со 4-1, а тој постигна еден од погодоците.
Младиот Буфон игра на позицијата крилен офанзивен фудбалер и настапува за Пиза од Серија Б.