Откако го сруши европскиот шампион: Шортс МВП на колото во Евролигата!

Maкедонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс одигра одличен натпревар и беше најзаслужен за победата на Париз на гости кај европскиот шампион Панатинаикос со 98-101.

Домаќините немаа решение за расположениот Шортс кој беше блиску и до трипл-дабл во натпреварот со учинок од 20 поени, 14 асистенции и девет скокови. Освен тоа Шортс изнуди и девет лични грешки на противничките кошаркари.

Сето ова беше доволно Евролигата да го прогласи за МВП на 32. коло.