Англија може да има седум екипи во Лигата на шампионите идната сезона

Од оваа сезона, Лигата на шампионите се игра во изменет формат кој овозможува на најсилните европски првенства да имаат екипа плус во елитното натпреварување.

Исто ќе биде и идната натпреварувачка кампања со тоа што во моментов, според коефициентот, најголеми шанси за петта екипа преку првенството имаат Италија и Англија. Тоа доведува до можност, иако минимална, Премиер лигата да даде дури седум екипи во елитното европско натпреварување.

Речиси сигурно од првенството ќе бидат и тоа според моменталниот пласман се Ливерпул, Арсенал, Нотингем Форест, Челси и Манчестер Сити, потоа Астон Вила ако успее да ја освои титулата во Лигата на шампионите што е најголемиот проблем за остварување на можноста со седум екипи, а последниот учесник би бил Манчестер Јунајтед или Тотнем, ако некој од овие тимови триумфира во Лигата Европа.

За разлика од Англија, Италија не може во ниеден случај даде седум екипи бидејќи Интер е единствениот преостанат тим од Серија А во Лигата на шампионите, а „нераѕурите“ сигурно ќе обезбедат пласман во елитното натпреварување преку домашното првенство.