Халанд мора на пауза, но сезоната за него не е завршена

Манчестер Сити излезе со прва официјална реакција по вчерашната повреда на најдобриот стрелец во тимот Ерлинг Халанд.

Норвежанецот не го доврши мечот против Борнмут, а по натпреварот беше виден како со патерици го напушта стадионот, поради повреда на скочниот зглоб. Од клубот објавија дека Халанд го очекува пауза, но сезоната за него уште не е завршена.

„Ерлинг денеска имаше почетни тестови во Манчестер и сега ќе бара специјалистички консултации за да се потврди полниот степен на повредата. Се очекува тој да биде подготвен на време да игра улога и во финишот од оваа сезона, вклучувајќи ги претстојните натпревари од Светското клупско првенство“, стои, меѓу другото, во соопштението од Сити во кое не се прецизира колку ќе трае паузата.

Од ова може да се заклучи дека Халанд нема да игра против Манчестер Јунајтед претстојниот викенд и тоа ќе биде голем проблем за Сити кој води грчевита борба за пласман во Лигата на шампионите.