
Торино со Елмас му ја продолжи агонијата на Лацио (ВИДЕО)
Во последните пет кола, римскиот тим има само еден триумф, а вечерва одигра нерешено (1-1) со Торино на домашен терен. Иако беше подобар во најголемиот дел од натпреварот, Лацио дозволи да прими гол во финишот од мечот и да остане без многу важни два бода во борбата за пласман во европските купови.
Марушиќ во 57. минута ги доведе домаќините во водство, но Гинеитис на осум минути пред крајот го постави конечниот резултат.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути, но не успеа повторно да се запише во листата на стрелците.