
ФФМ: За вакви нелуѓе нема место во фудбалот!
Односот на навивачите на Шкендија денеска ги згрози сите, тие наместо да покажат емпатија кон жртвите од една од најголемите несреќи во Македонија, го покажаа својот примитивизам пеејќи песни за УЧК.
ФФМ најави остра казна за Шкендија и им препорача да се угледаат на клубот кој го носи истото име, Шкендија Арачиново каде соодветно се испочитувала минутата молк.
Соопштението на ФФМ ви го пренесуваме во целост:
„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.
Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства.
ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат.
За вакви нелуѓе нема место во фудбалот.
Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите - без исклучок.
Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство“.