Македонските фудбалерки до 19 години ја совладаа Литванија

Македонската женска репрезентација до 19 години славеше со 1-0 против Литванија во претквалификациите за Европското првенство (ЕП).

Девојките стигнаа до победа благодарение на автоголот на Јотвиле Сабаите, која ја погоди сопствената мрежа во 92. минута.

Македонија следниот меч го игра против Ерменија на 4 април, а три дена подоцна ќе се соочат со Хрватска.