Експлозија во Нотингем: Еланга го претрча цел терен за да го совлада Онана (ВИДЕО)

Неполни пет минути му беа потребни на Нотингем Форест за да дојде до водство во дуелот против Манчестер Јунајтед.

Стрелец на голот за водство на третопласираниот тим во Премиер лигата беше поранешниот фудбалер на Јунајтед, Антони Еланга. Шведскиот фудбалер зеде една топка на својата половина и го претрча цел терен, без да додаде на некој од своите соиграчи, пред да го совлада Онана за предност на домашниот тим.

Ако го задржи водството, Нотингем Форест ќе направи голем чекор кон пласманот во Лигата на шампионите, првпат во историјата.