
„Спортклуб“ заминува во историјата: Спортските содржини се селат на „Арена Спорт“
Спортските содржини од „Спортклуб“ се селат на каналите на „Арена Спорт“ и наскоро ќе треба да добијат канали каде што ќе продолжат да ги следат во иднина, откако стана јасно дека Евролигата, мотоспортовите, тенисот и другите содржини се селат на „Арена“.
„Ексклузивна спортска содржина ќе ја водат спортските новинари и коментатотори Небојша Вишковиќ, Дарко Плавшиќ, Иван Лончаревиќ, Бранко Спасојевиќ, Никола Стамениќ, Саша Озмо, Никола Јанковиќ, Јелена Трајковиќ, Владимир Живковиќ и други. Вебпорталот Спортклуб ќе продолжи да работи во рамки на ‘Јунајтед Медија’“, се вели во соопштението.
Еден од коментаторите на „Спортклуб“, Гојко Андријашевиќ пред неколку дена го одбјави мечот меѓу Борусија Дортмунд и Мајнц со „Сè што е убаво, има крај“, алудирајќи на преселбата на спортската содржина на „Арена“.
„Заврши, почитувани гледачи, моето дружење со вас, по 33 години и над 10.000 преноси. Причината не е заминување во пензија, туку неможност на вистински начин и во вистинска околина да се занимавам со мојата работа. Се гледаме во некој друг формат, ви благодарам за сè“, кажа Андријашевиќ.