Прва прогноза на ФИБА: Србија прв фаворит за титулата на Еуробаскетот

Неполна недела по ждрепката за Европското првенство, ФИБА ја објави првата прогноза за тоа кој би можел да ја освои титулата на претстојниот континентален шампионат.

Прв фаворит според европската кошркарска организација е Србија што и не е изненадување, имајќи го предвид потенцијалот и квалитетот на нашиот северен сосед чија репрезентација блескаше на Олимписките игри во Париз.

„Единствен начин да ја тргнеме Србија од врвот беше да добие ужасна ждрепка или да мора да патува по континентот пред нокаут фазата. Бидејќи доби пристојна ждрепка и ќе игра во Рига, очекувајте најсилен српски тим... На сите времиња?“, пишува во анализата на ФИБА.

Под Србија се наоѓаат Франција, Германија, Грција, Летонија и Словенија. „Орлите“ се наоѓаат во групата А во Рига, со домаќинот Летонија, потоа Естонија, Турција, Чешка и Португалија.