Максимална казна за Шкендија - 12 меча надвор од Тетово!

На денешниот натпревар помеѓу Шкендија и Брера видовме скандалозно однесување на домашните навивачи кои во текот на минутата молк кога се оддаваше почит на фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров и останатите жртви во трагедијата.

Домашните фанови не само што не ја испочитуваа минутата молк и навиваа, туку и пееја песна посветена на УЧК. Сега, на потег е Фудбалската федерација на Македонија од која се очекува Шкендија да добие сериозна казна.

Според дисциплински правилник на ФФМ, клубот од Тетово може да е казнет до 12 натпревари без гледачи, суспензија на теренот и парична казна од 5.000 евра.