Сензација во АБА: Дебитантот Спартак ја шокира Звезда

Екипата на Спартак, која ја игра својата прва сезона во АБА лигата, оствари сензационален триумф откако вечерва славеше како гостин кај Црвена Звезда со 78-77.

Со тоа дефинитивно ја откажа Звезда од борбата за првото место на крајот од основниот дел од сезоната. На пет кола пред крајот, актуелниот шампион има три победи помалку од Партизан и Будуќност, па сега во опасност е доведена и третата позиција на табелата на која се наоѓа Дубаи, тим што е во најдобра форма во моментов во регионалното натпреварување.

Звезда водеше со 77-73 на околу минута пред крајот, но Спартак потоа постигна тројка преку Гибсон, а кошот за победа го постигна Расир Болтон на помалку од три секунди пред крајот. Во последниот напад, Калиниќ се обиде да погоди со флоутер, но не неговиот шут беше непрецизен.

Интересно е тоа што Звезда оваа сезона доживеа три порази од дебитантите во АБА, два пати изгуби од Дубаи и вечерва од Спартак.