Одложениот меч меѓу Партизан и АЕК ќе се игра на неутрален терен

Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука мечот од Европскиот куп меѓу Партизан и АЕК кој вчера не започна поради однесувањето на домашните навивачи, да се игра на неутрален терен.

Партизан во Атина беше поразен со 27-22, а на синоќешниот меч гостинските ракометари се исплашија од „Гробарите“ кои употребуваа и топовски удари и петарди во салата, па не сакаа да излезат на теренот.

ЕХФ донесе одлука неодиграниот меч да се одигра на неутрален терен, веројатно и без гледачи.

Дополнително ќе биде соопштено местото и времето на одигрување.