
Вардар во хумана мисија - сите средства од дербито со Алкалоид ќе бидат донирани за Кочани
Интересот за овој меч е голем, а домаќинот Вардар денеска ги објави цените на влезниците. Дуелот на две од трите најквалитетни екипи во македонскиот ракомет може да се проследи за сума од 100 до 200 денари, во зависност од местата.
Покрај ова, поранешниот европски шампион објави дека приходот од влезниците за овој натпревар ќе биде наменет за поддршка на настраданите во неодамнешната несреќа во Кочани во која животите ги загубија 59 лица, а над 200 се повредени.