
Арсенал договори нов спортски директор: Човекот кој изгради силен Атлетико!
Човекот кој најголемата слава ја стекна како спортски директор на Атлетико Мадрид до крајот на овој викенд ќе потпише договор со лондонскиот клуб, најавуваат медиумите на Островот.
На оваа позиција тој ќе го наследи Еду кој го напушти клубот во ноември. Берта својата репутација во фудбалот ја градеше во Атлетико Мадрид каде што помина 12 години.
Претходно започна како во Парма како спортски директор, а работеше и во Џенова.
Во Атлетико беше еден од најзаслужните за големиот број одлични засилувања кои клубот ги доведе во изминатите години.