
Битолчани бесни на судијата, имаше ли пенал за Вардар? (ВИДЕО)
Пелистер прв стигна до водство кога во 10-тата минута по една убава акција Керим го отвори резултатот. Вардар во игра се врати десет минути подоцна кога Закариќ реализираше најстрога казна.
Досудениот пенал за вардарци донесе големо незадоволство кај домашните фудбалери кои жестоко протестираа, но одлуката на крајот не се промени.