Спектакуларен нокаут во САД: Коментаторите збеснаа - вакво нешто ретко се гледа! (ВИДЕО)

На вчерашниот „Екстрим Флајт Чемпионшип 52“ настанот во САД се случи еден спектакуларен нокаут кој брзо стана хит на социјалнте мрежи.

Иако 25-годишниот Американец, Џарон атроп не е познат на пошироката јавност, сепак неговото име брзо се рашири во светот на боречките спортови поради нокаутот кој го имаше против Украинецот, Јевгени Шинкарвски.

Украинецот кој настапува под знамето на Израел до овој меч имаше две победи во две броби, но сега не издржа ниту една рунда. Откако Шинкаревски го фати за левата нога, Американецот со неверојатна техника од свртување со нога го удри директно во главата што беше пресудно да ја добие борбата.