Работнички во второто полувреме го „скрши“ Гостивар

Eкипата на Работнички со подобра игра во второто полувреме се радуваше на победа на гости кај Гостивар со 79-90.

Домаќините беа подобрата екипа во првата четвртина во која некаде на средина стигнаа и до двоцифрена разлика (25-15). Работнички до паузата сепак успеа да дојде до „минус седум“ (28-21).

Во вториот период Работнички ја на надополни таа негатива, па до крајот гледавме израмнета игра за на пауза да се замине со 46-46-.

Гостивар се држеше некаде до средината на првата четвртина кога кошаркарите на Работнички започнаа да го трасираат патот кон победата. Во последниот период гостите влегоа со девет поени водство (63-72).

Работнички во последниот период дојде и до „плус 13“ во еден момент и тука веќе беше јасно дека бодовите одат за Скопје.

Соколов од редовите на Гостивар беше најефикасен со 24 поени, шест скока и четири асистенции, додека Ѓуроски кај Работнички уфрли 19 додавајќи шест скока и седум асистенции.