Марио Илиевски стрелаше во победата на ЦСКА (ВИДЕО)

Марио Илиевски кој го носи дресот на ЦСКА 1958 беше стрелец во денешниот натпревар за својот тим против Крумовград.

ЦСКА запиша триумф од 4-1 во рамките од 26. коло во првенството на Бугарија, а Илиевски беше стрелец на четвртиот погодок.

Илиевски на теренот влезе во 61. минута и само една минута подоцна се запиша во листата на стрелци. За него овој погодок беше втор во првенството.