
Финале за Калин во Опатија: По голема борба го „реши“ Чехот Врбенски!
Ивановски во првиот сет направи еден брејк во третиот гем и тој се покажа како доволен за да го освои сетот и да поведе со 1-0. Еден брејк видовме само и во вториот ет, но сега тој беше во корист на чешкиот тенисер и до него дојде во вториот гем.
Сличен беше развојот на настаните и во третиот гем каде што брејкот во шестиот гем за Ивановски беше доволен за конечна победа.
Турнирот во Опатија е со награден фонд од 15.000 долари. Противник на Ивановски во финалето ќе му биде Хрватот Микрут кој во Опатија беше прв носител и на крајот успеа да дојде и до финалето.