Руска тенисерка поради Путин го промени државјанството, ќе игра за Австралија

Познатата руска тенисерка Дарија Касаткина најави промена на националноста и во иднина ќе настапува под знамето на Австралија.

Касаткина која е 12-тата на ВТА листата ја претставуваше Русија во сите натпреварувања каде што учествуваше, но потоа се дистанцираше од сите одлуки на Владимир Путин и сега одлучи да го промени државјанството.

Таа најави дека нејзината нова база ќе биде Мелбурн кој е домаќин на првиот од четирите грен-слем турнири во сезоната.

Инаку, таа е една од ретките помеѓу руските спортиски која ги бранеше колегите од Украина по руската инвазија, а во 2022 година јавно зборуваше за нејзината сексуална определба. Нејзина партнерка е лизгачката Наталија Забијако.