Суперлигашите сигурни во купот: Охрид победи со 35 голови разлика

Екипите на Охрид, МРК Куманово, Радовиш и Мулти Есенс обезбедија место во следната фаза од ракометниот Куп на Македонија.

Охрид лесно ја оправда фавортиската улога и на екипата на Шампион и дозволи да постигне само десет погодоци, славејќи триумф од 45-10. Никола Ристески сам постигна повеќе голови од целата екипа на Шампион и средбата ја заврши со 12 гола, додека кај Шампион Ненад Билбилоски беше најефикасен со пет гола.

На останатите средби МРК Куманово исто така беше убедлив со 35-18, Радовиш на свој терен го совлада Скопје со 44-19, додека Мулти Есенс без борба се пласираше во следната фаза бидејќи тимот на Преспа Вардар не се појави на натпреварот.