
Првото финале во новата Конференциска лига ќе се игра во - Тирана!
За финале во новото натпреварување имаше и од Скопје, но воведното сега ќе се игра во соседна Албанија, за натпреварувањето кое летово ќе стартува со првите квалификаци во кои тргнуваат три од четирите македонски европретставници. Поради промените на УЕФА, повеќе нема да имаме клубови кои ќе играат квалификации во Лига Европа, туку тие ќе се преселат во Конференциската лига, а само шампионот ќе продолжи да игра во квалификациите за ЛШ.
Како што објави УЕФА, 17 екипи од квалификациите ќе обезбедат директен пласман во групната фаза, плус пет од „шампионската група“, додека дополнителни 10 ќе влезат преку плејофот за Лига Европа, односно тие што ќе испаднат.
Во Конференциската лига ќе има осум групи по четири групи, првите одат директно во осминафинале, а вторите и третите ќе играат плејоф мечеви за пласман во осминафиналето, по што преку елиминациски борби ќе се издвојат двата тима што ќе се борат за трофејот.
Воведното квалификациско коло ќе се игра на 8 и 15 јули, ќе има три квалификациски филтери, па плејоф за пласман во групите. Групната фаза би требало да стартува на 16 септември, плејофот за осминафинале би се играл во февруари, а од март до мај би се одиграле низ двомечи елиминациските рунди. Финалето во Тирана е закажано за 25 мај.
🇦🇱 🏟️ NEWS: The first-ever 𝗨𝗘𝗙𝗔 𝗘𝘂𝗿𝗼𝗽𝗮 𝗖𝗼𝗻𝗳𝗲𝗿𝗲𝗻𝗰𝗲 𝗟𝗲𝗮𝗴𝘂𝗲 𝗳𝗶𝗻𝗮𝗹 will be at Albania's new National Arena in Tirana in 2022!
Posted by UEFA on Thursday, December 3, 2020