Наполи со Елмас во стартниот состав ја бара првата победа во Лига Европа

Наполи во второто коло од групната фаза во Лига Европа ќе ја бара првата победа, а денешен ривал на калчолигашот е Спартак Москва, кој загуби во првиот меч од Легија со 0-1.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе биде стартер за Наполи во средниот ред заедно со Зиелински и Руиз, додека во екипата се уште и Мерет, Ди Лоренцо, Кулибали, Манолас, Руи. Додека во нападот на тимот се Инсиње, Петања и Политано.