Куртоа ги исмеа Винисиус и Мбапе: Оваа година го немавме Хоселу
„Кралевите“ беа бранители на трофејот во елитното натпреварување и многумина ги сметаа за фаворити во пресметките со англискиот тим, но на крајот мораа да му честитаат и практично паднаа без борба затоа што Арсенал доминираше на двата меча. Голманот Тибо Куртоа по мечот вината ја префрли на напаѓачите кои не успеаја да го загрозат неговиот колега, а единствениот гол што го постигна Реал беше постигнат по грешка на Салиба.
„Ни фалеше прецизност при реализацијата, мислам дека Раја немаше ниедна интервенција. Елиминирани сме од посилен Арсенал и треба да го прифатиме тоа. Упативме многу центаршшутеви, но оваа сезона во нападот го немавме Хосели да не спаси“, рече, меѓу другото, Куртоа.
Многумина во ова видоа провокација кон главните ѕвезди во тимот Килијан Мбапе и Винисиус кои цела сезона играа под своето ниво во Лигата на шампионите, а особено очајни беа во дуелите со Арсенал. Хоселу лани постигна два гола во пресвртот против Баерн и го однесе Реал во финалето, но сега Анчелоти немаше таков џокер во својот тим. Хоселу си замина минатото лето и сега игра во првенството на Саудиска Арабија, во тимот на Ал Гарафа.