Ирците се феномен: Примија три „парчиња“ во Лондон, ама влегоа во историјата на ЛЕ (ФОТО)

Ирскиот тим Дандалк, синоќа, убедливо загуби на гостувањето кај Арсенал (0-3), но и покрај тоа влегоа во историјата на Лига Европа, како прв тим што не направил ниту еден прекршок во сите 90 минути од натпреварот.

Ова досега се нема случено во второто по ранг клупско натпреварување во Европа, кое стартува во сезоната 2009/10 и претставува фер-плеј однесување за почит, особено ако се знае дека Ирците важат за воинствен народ. „Топчиите“, пак, во исто време направија дури 20 фаули, но ниту еден за жолт картон.

Арсенал и Молде се првопласирани во оваа група ЛЕ со по шест бода, додека Рапид Виена и Дандалк немаат ниту едне бод.