Фудбалерите на Интер во Милано биле пречекани од - само еден фан!

Интер доживеа неочекувано тежок дебакл во финалето од Лигата на шампионите, па аеродромот Малпенса бил речиси празен кога играчите пристигнале во Милано.

Тие биле пречекани од само еден навивач кој дал и изјава за „Газета дело Спорт“.

„Јас сум единствениот идиот тука. Но, овие момците сепак заслужуваат аплауз“, рекол навивачот за италијанскиот весник.

Поразот од 5-0 од ПСЖ е највисок во финалните натпревари во Лигата на шампионите.