Донарума со кратка изјава го „дотепа“ Интер по финалето во ЛШ!

Францускиот гигант ПСЖ го демолира Интер со 5-0 во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), а голманот Џанлуиџи Донарума по натпреварот даде изјава со која дополнително го „пецна“ калчолигашот.

Парижаните доминираа во големото финале во Минхен и без поголеми проблеми запишаа историска победа во елитното натпреварување, а Донарума по мечот кажа дека оваа средба не личела на финале.

„Ова воопшто не личеше на финале во Лига на шампиони. Беше премногу лесно за нас“, кажа Донарума и го „пецна“ Интер.

Фото: Facebook/PSG - Paris Saint-Germain