Дембеле е прогласен за играч на сезоната во ЛШ - заслужено!

Усман Дембеле фантастичната сезона ја круниса со пехарот во Лигата на шампионите, а од УЕФА си доби и индивидуална награда.

Францускиот фудбалер е прогласен за најдобар играч на сезоната во Лигата на шампионите.

За најдобар млад играч е прогласен неговиот соиграч, Десире Дуе кој даде два гола во финалето против Интер.