Бобан откри: Капело уште на 0-2 за Интер знаел како ќе заврши натпреварот

Легендата на Милан и поранешен функционер во УЕФА, а денес претседател на Динамо Загреб, Звонимир Бобан, беше гостин во студиото на „Скај Спорт“ каде што ја коментираше спектакуларната полуфинална пресметка од Лигата на шампионите меѓу Интер и Барселона, која заврши со резултат 3:3.

Во натпревар кој веќе се смета за еден од најубавите во последните неколку години, Бобан не ги криеше своите импресии и емоции. Освен фудбалската анализа, сподели и интересна анегдота од студиото, токму во моментот кога Интер го постигнал вториот гол преку Дамфрис, славниот тренер Фабио Капело му кажал дека натпреварот ќе заврши 3-3.

„Неверојатен натпревар, спектакл, вистинска убавина на фудбалот. Кога беше 2:0 за Интер, Капело ми кажа ќе заврши 3-3. И навистина така беше, а можеше да заврши и 5-5. Барселона играше одбрана како во времето на Земан. Интер беше добар, тешко е да се браниш против играчи како Јамал, против фудбалери кои постојано менуваат позиции и создаваат вишок“, рече Бобан.

Тој додаде дека во првото полувреме, Барселона делувала подоминантно по своите голови, додека второто било поизрамнето, со повеќе шанси за Интер.

„Ова беше натпревар на највисоко ниво, во кој двете екипи покажаа квалитет, динамика и вистинска желба за победа“, заклучи Бобан.

Фото: Barcelona FC/FB