Анри го праша херојот на Интер како ѝ дал гол на Барса – одговорот му беше урнебесен (ВИДЕО)

Фудбалерот на Интер, Давиде Фратези, кој го постигна победничкиот гол против Барселона (4-3) и го однесе својот тим во финалето на Лигата на шампионите, стана јунак не само на теренот, туку и во телевизиското студио на американската телевизија ЦБС Спортс.

Тој се вклучи во живо од теренот, каде што легендарниот напаѓач Тиери Анри му постави прашање кое ја откри целата психолошка тежина на моментот.

„Зошто не шутираш веднаш, туку прво го измамуваш дефанзивецот?“ — праша Анри.

Фратези одговори со насмевка: „Зашто помислив дека ако не дадам гол, тогаш ќе бидам ептен сј*бан!“

Неговата искрена и необична реакција предизвика хистерична смеа кај сите во студиото. Анри се наведна од смеа, а остатокот од панелот остана без зборови од неочекуваниот одговор. Моментот веднаш стана вирален. Голот кој го постигна во 99. минута, откако со финта го исфрли од игра Барсиниот дефанзивец Пау Кубарси и прецизно стрелаше во мрежата, беше прославен со еуфорична реакција. Фратези дури и се сруши на тревата од вртоглавица по славењето.

„Толку силно славев што ми се затемни пред очи“, призна Фратези подоцна.