Стигна наредба од Саудиска Арабија: Итна евакуација!
Клубовите од оваа држава отпатуваа во Иран за да ги одиграат натпреварите од Азиската лига на шампиони, но од тоа најверојатно нема да има ништо. Дуелот меѓу Сепахан и Ал Итихад е одложен поради контроверзната статуа на Касум Сулејмани, убиен ирански генерал кого Саудијците го сметаат за воен злосторник. Статуата се најде на местото на кое фудбалерите поминуваат при излегувањето на терен, па гостите од Саудиска Арабија побара таа да биде тргната што не наиде на одобрување од домаќините.
Затоа сега е неизвесен натпреварпт меѓу Насаји Мазандаран и Ал Хилал кој е закажан за денеска од 18 часот. Вакви инциденти немаше до минатата сезона кога Саудиска Арабија не беше преполна со суперѕвезди и немаше важна улога во светскиот фудбал.